Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави црногорската новинска агенција МИНА.

Стапката на смртност во Словенија е 5,65 проценти, во Северна Македонија 4,45 проценти, следат Косово со 3,19, Албанија со 3,1 и Хрватска и БиХ со 2,83%.

Стапката на морталитет во Србија е 2,28 проценти и во Црна Гора 1,77 проценти.

Најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани на Косово, а потоа следат Босна и Херцеговина (БиХ), и на трето место се Црна Гора и Северна Македонија, објави црногорската новинска агенција МИНА.

На Косово се регистрирани 216 активни случаи на 100.000 жители, 177 во БиХ и 175 во Црна Гора и Северна Македонија.

Во Албанија има 100 регистрирани активни случаи на 100 илјади жители, во Хрватска 14 и во Словенија има осум активни случаи на 100 илјади жители.

На официјалната веб-страница covid19.rs денеска, како што е практиката во последните месеци, не се објавени податоци за бројот на активни случаи, туку за бројот на хоспитализирани во Србија. Затоа, во прегледот за бројот на активни случаи на 100 илјади жители во регионот не е презентиран бројот на активни болни во Србија.

Денес во регионот се регистрирани вкупно 1.159 нови случаи на Ковид-19.

Во регионот најголем број хоспитализирани на 100 илјади жители е регистриран во Србија, на второ место е Косово, а на трето место е Црна Гора.

Во Србија има 43 регистрирани хоспитализирани на 100 илјади жители, на Косово 26 и во Црна Гора 25.

Во Северна Македонија се регистрирани 18 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Хрватска три, а во Словенија едно лице.

Во регионот најголем број на заболени од коронавирус во однос на бројот на жители е регистриран во Црна Гора, на второ место е Косово, а на трето место Северна Македонија.

Во Црна Гора има 5.743 заразени лица на милион жители, 5.693 на Косово и 5.692 во Северна Македонија.

Во однос на бројот на заразени лица, најголема стапка на смртност е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија.

Стапката на смртност во Словенија е 5,65 проценти, во Северна Македонија 4,45 проценти, следат Косово со 3,19, Албанија со 3,1 и Хрватска и БиХ со 2,83%.

Стапката на морталитет во Србија е 2,28 проценти и во Црна Гора 1,77 проценти.

Најмногу тестирања во однос на еден милион жители има во Србија, 107.036 на милион жители, Словенија е на второто место со 65.763, а Црна Гора е на третото место со 63.741.

На четвртото место е Северна Македонија со 55.196 тестирани на милиони жители, а потоа следува БиХ со 42.447, Хрватска со 31.405 и Албанија со 15.952 тестирани на милион жители.

Агенцијата МИНА ги обработува официјалните податоци на земјите од регионот, кои ги презема од официјалните страници што ги отвориле земјите за време на епидемијата.

Покрај овие извори, податоците се споредуваат со податоците од СЗО, ЕЦДЦ и други релевантни здравствени установи.

Агенцијата МИНА објавува само официјални податоци што ги соопштуваат медицинските власти на набљудуваните земји.

Треба да знаете
Последни објави