На 09.08.2020 во 09,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. “АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило “сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје.
Делумно биле опожарени две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема.
Се работи на расчистување на случајот.
https://www.facebook.com/vele.veljanovski.1/videos/4824872137538311/?t=1