ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев ја турна Македонија во банкрот

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

Владата на Зоран Заев ја турна Македонија во банкрот.

На задолжувањата им нема крај, а капитални проекти нема.

Голиот популизам, манипулациите и „блескањето” резултираа и со поскапување на струјата од 7,5%, што ќе ги зголеми месечните трошоци на граѓаните кои и онака живеат во сиромаштија.

СДСМ и Зоран Заев смислија „брилијантен” план за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена.

Потребни се стабилни, цврсти и промислени потези кои ќе ја стабилизираат состојбата и ќе ја издигнат македонската економија, а не политичари кои единствен спас за сопствените грешки наоѓаат во кражба на сопствениот народ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави