Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди денеска американската држава Северна Каролина, објави Националниот метеоролошки институт во Гринвил.
Епицентарот бил на околу 4 километри југоисточно од градот Спарта.
Земјотресот ги потресе зградите, но нема извештаи за какви било штети или повредени.
Тоа е најсилниот земјотрес што ја погоди земјата од 1916 година, кога бешерегистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени.