На 08.08.2020 во 15,02 часот било пријавено дека на патот село Маково- село Старавина пред крстосницата за Старавина, автомобил “застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.