Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна.
Како што пренесува „Скајњуз“, тој на онлајн семинар во Универзитетот Браун рекол дека шансите вакцината против коронавирус да биде стопроцентно ефикасна се мали.
„ Не знаеме колку ќе биде ефикасна, дали ќе биде 50 или 60 проценти. Би сакал ефикасноста да биде 75 проценти или повеќе“ рекол Фаучи.
Тој нагласил дека концептот на јавното здравство никогаш не смее да биде напуштен бидејќи е невозможно да се развие вакцина која е ефикасна до 98 проценти