Напаѓачот Вилијан денес го најави своето заминување од Челзи. Триесет и двегодишниот бразилски фудбалер за ова напиша на својот профил на Твитер.
Вилијан играше во тимот од Лондон од 2013 година. Минатата сезона, напаѓачот учествуваше на 47 натпревари за „Сините”, постигна 11 голови и оствари осум асистенции.
Заедно со Челзи, Вилијан стана двапати шампион на Англија (2014/15, 2016/17), еднаш го освои националниот куп на оваа земја (2017/18) и еднаш го освои трофејот на Лига Европа (2018/19).