Алесандро Дел Пјеро верува дека Андреа Пирло може да стане ментор од врвна класа. Поранешниот италијански репрезентативец од вчера е главен тренер на Јувентус, и покрај тоа што тој не нема ниту натпревар на тренерското поле.
Логично, се прават споредби со Зинедин Зидан, кој исто така без никакво искуство направи револуција на чело на Реал Мадрид.
– Пирло има сè што е потребно за да стане уште поуспешен од Зидан. Тој веќе ги познава клубот, играчите и директорите. Мислам дека комуникацијата меѓу нив досега беше одлична. Сепак, не е фер да се споредува Андреа со Зизу, бидејќи Французинот имаше одредено искуство, откако претходно ги водеше јуниорите на Реал, како и беше дел од штабот на Карло Анчелоти, рече Дел Пјеро за „Скај Италија”.