Барселона против Баерн (Минхен) се чини дека е најатрактивниот судир во четвртфиналето од Лигата на шампионите и навивачите веќе тријат раце во исчекување.
Натпреварот ќе се одигра на 14 август во Лисабон, а победникот ќе биде одреден по само еден натпревар.
Во реваншот од 1/8-финалето синоќа Германците го совладаа Челси со 4:1, а Каталонците го совладаа Наполи со 3: 1.
Напаѓачот на Барса, Луис Суарез смета дека шансите за поминување во следната фаза на натпреварувањето се изедначени за двата тима.
– Баерн е многу силен тим и секако е противкандидат за трофејот. Ќе видиме … Секој има свои шанси во натпревар на директна елиминација. Шансите се 50/50, посочува Уругваецот.
Победникот од битката ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Лион.