Трамп има желба да биде петтиот претседател исклесан на Маунт Рашмор?

Администрацијата на Белата куќа стапила во контакт со гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, за да разговараат за можноста за додавање на ликот на Доналд Трамп на планината Рашмор (Маунт Рашмор).

Трамп беше во посета на Јужна Дакота за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули, а гувернерката вели дека претседателот со себе донел макета од планината Рашмор, на која е додаден и неговиот лик, пишува „Њујорк Тајмс“.

Уште во 2018 година, американскиот претседател и навестил на Кристи Ноем дека сака да го додаде неговиот лик во споменикот.

Тогаш гувернерката била во посета на Белата куќа, а на средбата во Овалната соба, Трамп и рекол дека неговиот сон е да биде на планината Рашмор, за што таа мислела дека е само шега.

„Почнав да се смеам, но не се смееше, напротив, беше сосема сериозен. Ми рече: ‘Кристи, дојди тука, дај ми ја раката’. Се ракувавме и го поканив да ја посети Јужна Дакота: ‘Гoсподине претседателе, треба да дојдете на планината Рашмор’. Тогаш ми рече: ‘Дали знаете дека сон ми е мојот лик да биде исклесан на планината Рашмор?’“, ја објаснила гувернерката нивната тогашна средба.

За време на посетата на 4 јули, Трамп одржа говор во кој го бранеше споменикот на планината Рашмор, потенцирајќи дека тој ќе стои засекогаш во чест на предците и слободата.

Во споменикот на планионата Рашмор исклесани се ликовите на четворица влијателни претседатели на САД: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, а по повод 150-годинишнината од американска независност.

Треба да знаете
Последни објави