Во БиХ повеќе од 30.000 луѓе ги загубиле своите работни места поради Ковид-19

Најмалку 32.000 луѓе се отпуштени во Босна и Херцеговина од избивањето на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека десетици илјади повеќе би можеле да останат без работа, пишуваат локалните медиуми.

Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23.000 работници биле отпуштени во  БиХ од средината на март до 20 јули, додека малку повеќе од 9000 од нив ги загубиле своите работни места во Република Српска, јави Хина.

Сепак, овие податоци не се целосни затоа што во БиХ работодавците честопати не ги пријавуваат вработените, а се претпоставува дека најголем број од оние кои ги загубиле своите работни места се меѓу нив.

Порталот buka.ba наведува дека само Здружението на работодавци во трговија и туризам на РС објави дека ќе мора да отпуштат најмалку 15.000 од своите работници доколку државата не им помогне.

Речиси 90 проценти од транспортните услуги во домашниот и меѓународниот сообраќај се блокирани со месеци, и нема индикации за можна нормализација на деловните активности во овој сектор.

Дрво, машини, метал, текстил и преработувачката индустрија работат со намален капацитет од 30 до 50 проценти.

Светската банка предвиде дека потрошувачката во БиХ ќе падне за 3,5 на 6,7 проценти, како резултат на епидемијата, а меѓу 35.000 и 85.000 луѓе во таа земја би можеле да станат сиромашни.

До 60 проценти од нив нема да бидат опфатени со никаква програма за државна помош, бидејќи тоа се непријавениработници кои го губат работното место и не ги исполнуваат условите за каква било компензација или помош.

Пред пандемијата, сиромаштијата кај работниците во секторите најтешко погодени од кризата била околу девет проценти и сега може да се искачи на 11 до 15 проценти, проценува Светската банка.

Треба да знаете
Последни објави