Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку постигна гол во победата од 2:1 над Баер Леверкузен во натпревар од четвртфиналето во Лига Европа со што влезе во историјата на ова натпреварување.
Белгиецот е стрелец на барем по еден погодок на 9 меча во низа во ЛЕ, а тоа досега на ниту еден фудбалер не му успеало.
Претходно рекордер во оваа категорија беше екс-англсикиот фудбалер, Алан Ширер.
Звучи неверојатно, но серијата на Лукаку започна уште во сезоната 2014/2015, додека тој беше во дресот на Евертон.
Белгиецот исто тка е првиот фудбалер на Интер кој постигнал гол на шест натпревари во низа во европските мечеви за „нероазурите“.