Во последните 24 часа во Србија починаа уште пет лица од коронавирус.
Од последниот пресек, тестирани се 6.819 лица, од кои 163 беа позитивни. Тоа е најмал број на позитивни состојби на дневна основа од 25 јуни, кога имало 137 ново заразени.
Постојат 107 пациенти на респиратори во болниците низ цела Србија.