Денеска министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу одржа работна средба со Јурај Смолек, Шеф на Оддел за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Двајцата соговорници во текот на средбата изразија задоволство од досегашната соработка и високо ја оценија посветеноста во исполнувањето на заедничките цели, искажувајќи цврста определба за натамошно унапредување. Главниот фокус беше насочен кон идните планирани активности на министерството за внатрешни работи , а беа разменети и информации во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните предизвици и можност за реализирање на обуки и проекти од значење за работењето на МВР . Министерот Нухиу и г.Смолек, изразија отвореност за натамошна соработка, во полза на заедничките цели за вработените во министерството.