ДУИ инсистира на барањето за Албанец-премиер што претставува главен проблем во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање на ново парламентарно мнозинство, објави ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални извори.
Според истиот извор, Али Ахмети инсистира во првата година премиерот да биде Албанец, а во следните три од четиригодишниот мандат премиерот да биде од СДСМ.
Дел од медиумите објавија дека дополнителен проблем е тоа што Ахмети бара повеќе и позначајни функции, бидејќи освоил повеќе пратеници во однос на претходните избори.
Од СДСМ реагираа дека нема да дозволат уцени и притисоци, како што ја оценија поканата на Ахмети на албанските лидери на годишнината од Рамковниот договор. Досега, нема одговор од Зијадин Села, Африм Гаши, Мендух Тачи и Биљал Касами дали ја прифаќаат оваа покана на Ахмети.