Во Прага бројот на ноќевања опаднал за 95 отсто

Во последниот квартал од оваа година Прага забележа досега невиден пад на бројот на ноќевања од дури 95 проценти. Според најновата статистика, бројот на ноќевања во Прага е за 94,9 проценти помал во однос на истиот период лани, а причина за тоа е пандемијата на коронавирус.

На државно ниво, ситуацијата е само малку подобра, така што бројот на ноќевања е намален за 82,9 проценти. Чешката влада на премиерот Андреј Бабис, ги затвори границите за странските туристи, од средината на март до почетокот на јуни, за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Историскиот центар на Прага е на листата на светското наследство на УНЕСКО од 1992 година и привлекува околу осум милиони туристи годишно, претежно странци. Меѓу другото, градот е познат по пабовите и знаменитостите како што се замокот во Прага и Карлов мост.

Треба да знаете
Последни објави