Шестмина од патниците кои требало да заминат на летот Скопје за Турку, Финска попладнево со лет на Визер, не се појавиле на закажаното патување иако имале резервиран билет, дознава Слободен печат од официјални извори на скопскиот аеродром.
Таму во саботата со ист лет пристигнаа 157 патници од Скопје, претежно косовски државјани, но и лица со македонски, фински, албански, бугарски и шведски пасоши.
Откако сите 157 доброволно се тестирале на аеродромот, 24 лица добиле позитивен резултат на коронавирусот.
По ова финските власти решија да воведат задолжителен карантин и случајно тестирање кое ќе биде задолжително за сите патници што ќе слетаат од Македонија. Финска ја смета Македонија за високоризична земја, зашто има повеќе од 8 позитивни случаи на 100.000 жители.