Рационалната употреба на водата го заштитува не само водоснабдителниот систем туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување. Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на водоснабдителниот систем и квалитетот на водоснабдувањето до секој дом. Преку три чекори зголемете ја разумната и совесна употреба на водата и одговорноста во вашето однесување во однос на заштита на водоснабдителниот систем. 1. При туширање, миење заби и раце или миење садови, осигурајте се дека водата не тече додека не ја употребувате. 2. Осигурајте се дека машината за садови и за алишта, пред употреба се целосно наполнети. 3. Редовно проверувајте ја исправноста на состојбата на чешмите, казанчињата и видливите цефки во домот. Наша должност е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина.
Пријавете злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:
- 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
- 02 3240 300, Дирекција
- kontakt@vodovod-skopje.com.mk
- vodovod-skopje.com.mk
- wwfacebook.com/jpvodovod.skopje