Сања Лукаревска по изборот за пратеник ја напушта директорската позиција во Управата за јавни приходи, потврдиле за Плусинфо од кабинетеот на директорот на УЈП.
Лукаревска стана пратеник како кандидат на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и најавува дека ќе го добие мандатот за состав на влада.
Таа, засега не знае дали ќе биде именувана на некоја функција, ако СДСМ состави нова влада.