На Скопскиот аеродром спречено четиричлено семејство да се качи во авион за Норвешка- сите биле позитивни на ковид

Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници- пишува СДК. Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на еродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било пред да се качи на авион.

Инцидентот на Скопскиот аеродром се случил ден откако во Турку, Финска, слета авион со 157 патници од Скопје, од кои по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус. Финските власти претходно откриле дека летови од Скопје и Букурешт, Романија, се главни извори на новите случаи на коронавирус во земјата. Сега Финска планира да воведе задолжително тестирање на сите патници од Скопје. Македонија е ставена и на германската листа на земји од висок ризик.

Треба да знаете
Последни објави