Агенти на Тајната служба ја прекина конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го евакуираа од салата за брифинг, а на новинарите им било речено да ја напуштат просторијата.
– Имаше пукање пред Белата куќа, рече Трамп, заблагодарувајќи се на Тајната служба за брзата реакција, пренесува Раша Тудеј.
Според првите информации, едно лице е однесено во болница, но не се знае во каква состојба е. Според непотврдени информации, полицијата го уапсила осомничениот за пукањето.
Инцидентот се случил на крстосницата од 17-та улица и авенијата Пенсилванија, веднаш пред Белата куќа во близина на паркот Лафајет.
-Инцидентот можеби немаше никаква врска со мене – рече Трамп.