Џаред Лето ќе го игра Енди Ворхол во новиот филм

Актерот и пејач Џаред Лето откри дека ќе ја толкува улогата на уметникот Енди Ворхол во новиот филм. Тој ја сподели оваа информација со своите фанови на „Инстаграм“.

„Да, така е, ќе го играм Ворхол во претстојниот филм. Многу сум благодарен и возбуден поради оваа можност“, напиша Лето.

Тој исто така рече дека на 6 август му било роденден на покојниот уметник и додаде дека ни недостигаат тој и неговиот генијален ум.

Освен дека ќе го глуми Ворхол, Лето не сподели други информации за филмот.

На почетокот на април Лето изјави дека поминал две недели медитирајќи без средства за комуникација и дека поради тоа не знаел дека во светот се шири пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави