Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Шестмина од патниците кои требало да заминат на летот Скопје за Турку, Финска попладнево со лет на Визер, не се појавиле на закажаното патување иако имале резервиран билет, дознава Слободен печат од официјални извори на скопскиот аеродром.

Во авионот на Визер кој попладнево полетал за Финска во 17 часот, имало 143 патници што се упатиле на закажаната дестинација.

Таму во саботата со ист лет пристигнаа 157 патници од Скопје, претежно косовски државјани, но и лица со македонски, фински, албански, бугарски и шведски пасоши.

Откако сите 157 доброволно се тестирале на аеродромот, 24 лица добиле позитивен резултат на коронавирусот.

По ова финските власти решија да воведат задолжителен карантин и случајно тестирање кое ќе биде задолжително за сите патници што ќе слетаат од Македонија. Финска ја смета Македонија за високоризична земја, зашто има повеќе од 8 позитивни случаи на 100.000 жители.

Треба да знаете
Последни објави