Неколку дена по смртта на 27-годишниот кошаркар Мајкл Оџо, се појави и видео од неговиот последен тренинг. За потсетување, Американецот со нигериско потекло почина додека тренираше индивидуално во салата за кошарка на фудбалскиот стадион на Партизан.
Видеото што се појави на еден од Фејсбук профилите Црвена звезда, за која играше ОЏо претходната сезона, трае 15 секунди и не го има моментот на смртта на кошаркарот. Наводно, постои и тој дел, но авторите на снимката го скратиле за да не се вознемируваат ниту роднините на Оџо, ниту гледачите. Но, само неколку моменти по ова, се случи трагедија …
https://www.facebook.com/najvaznijevesti/videos/295377265085845/?t=0
Според очевидци, кошаркарот само се приближи до ѕидот, се наведнал и паднал. Лекарите дојдоа брзо, но неможеа ништо да сторат.
Оџо пред некое време оздраве од Ковид 19, но засега нема официјална поврзаност на болеста со неговата смрт.