Во градот Џингжу, во кинеската провинција Хубеи, денеска е откриен случајот на жена (68), која повторно е тестирана позитивна на коронавирусот, еден месец откако беше излекувана од Ковид-19, соопштија градските власти.
Жената во моментот е во карантин и е под медицински третман, а лицата со кои била во контакт се пронајдени, тестирани и не се позитивни.
Засега нема докази за ризик дека луѓето кои се повторно заразени по излекувањето се преносители на вирусот.