Том Круз е одличен актер и има завидна кариера, но каква личност е во приватниот живот?
Сите сме слушнале што мисли јавноста, но што имаат да кажат луѓето кои работеле за него?
Наводно, секоја дадилка што работела за Том морала да потпише согласност дека нема да открие ништо за она што се случува во неговиот дом.
Во истите мемоари, Сузан открива и дека актерот бил склон кон лажење. Според неа, дадилките на Том морале да кажуваат дека тој и Никол сами се грижат за децата.
„Едноставно, кога пред камерите Том кажуваше дека нема помош од дадилки за неговите деца, ние не смеевме да кажеме дека лаже“, напишала Сузан.
Според една мејкап артистка која работела на сетот на The Mummy, Том не дозволувал никој да му ја допира косата. Наводно, никој од мејкап артистите не смеел да ја допира косата на актерот. Кога морале да се направат корекции на неговата коса, само еден имал дозвола да го прави тоа, и тоа зад затворени врати…
Преземено од Црнобело