Конери ги победи Креjг и Броснан како најдобар Џејмс Бонд

Харизматичниот Шон Конери е изгласан за најдобриот Џејмс Бонд досега, оставајќи ги зад себе петте други актери кои се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со дозвола за убиства.

Фановите на иконскиот серијал гласаа за својата омилена верзија на британскиот таен агент 007. Над 14.000 фанови се изјаснија на кого најдобро му прилега црниот смокинг додека пие мартини, па дури и познатата фраза со која го нарачува својот пијалок:  А martini. Shaken, not stirred (протресен, неизмешан).

Според анкетата на „Радио-тајмс“ (RadioTimes.com.) Конери се искачи на врвот со неверојатни 56 проценти од гласовите во првиот круг. Шкотскиот актер (89) беше првиот Бонд, а своето деби го направи во „Доктор не“ во 1962 година, кога 007 беше испратен во Јамајка да го испита исчезнувањето на свој колега. Овој филм беше голем боксофис хит кој го постави камен-темелникот за најуспешниот серијал во историјата.

Авторот Јан Флеминг – човекот кој го создаде ликот Бонд во своите романи – првично не бил заинтересиран за Конери и во потесен избор влегле неколку други актери, меѓу кои и Кери Грант.

Но, јасно, Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.

Тој беше 007 во седум филмови: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Во првиот круг гласање, Конери го победи Даниел Крејг кој не е само актуелен Бонд, туку и најдолго го игра легендарниот лик. Крејг (52) го започна мандатот како Бонд во „Казино Ројал“ во 2006 година.

Резултатите од првиот круг ги оставија Конери, Далтон и Броснан да се натпреваруваат во последниот круг, при што првиот Бонд ја освои победата со 44 проценти, а другите двајца добија 32% и 23% од гласовите.

Третиот круг донесе мало изненадување со тоа што починатиот Сер Роџер Мур не влезе во финишот на натпреварот за разлика од неговиот наследник Тимоти Далтон.

Треба да знаете
Последни објави