Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека неговиот тим ќе ја победи Севиља и ќе премине во финалето на Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи” напредуваа во полуфиналето на Лига Европа, бидејќи го совладаа Копенхаген благодарение на голот на Бруно Фернандеш од пенал. Јунајтед веќе одигра две полуфиналиња оваа сезона – Купот на ЕФЛ и ФА Купот.
– Сега сакаме да одиме еден чекор подалеку. Полуфиналето е добар резултат, но не е доволно добар за Манчестер Јунајтед. Тимот напредуваше. Фудбалерите се гладни за успех. Се надевам дека болката што ја чувствувавме од претходните две полуфиналиња ќе ни помогне да направиме повеќе сега. Играчите се чувствуваат физички добро. На крајот на краиштата, сите екипи одиграа многу натпревари. Сега одлучува менталната сила, вели Норвежанецот.
Дуелот меѓу Јунајтед и Севиља е закажан за недела, 16 август.