Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека ќе побара вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во петок попладне.
Состанокот го бара поради ситуацијата во источниот Медитеран, Белорусија и Либан.
„Ќе разговараме за итни работи и решавање на ситуацијата во Источниот Медитеран, претседателските избори во Белорусија и развојот на ситуацијата во Либан“, напиша Борел на својот „Твитер“.