Специјалните сили пукале со сачмарки кон жителите на Минск кои од балконите им кажувале на демонстрантите каде да се сокријат за време на протестите, јавува дописникот на Спутник.
– Специјалната полиција излета од полициските автомобили веднаш до метро станицата „Грушевка“. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконот на околните згради, луѓето викаа каде да се сокријат, а како одговор на тоа, полицајците неколкупати пукаа кон „координаторите, пренесува Спутник.
Белоруската асоцијација на новинари објави дека двајца полски новинари се уапсени.
Протестите започнаа на 9 август, веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати на претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко. Оттогаш, поддржувачите на опозицијата секоја вечер се собираат во поголемите белоруски градови, а полицијата ги растерува со солзавец и шок-бомби.
https://twitter.com/mynamehay/status/1293611685266235399?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1293611685266235399%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fplaneta%2Fsvet%2F909064%2Fpolicija-minsku-pucala-ljude-koji-balkona-davali-podrsku-demonstrantima-video