Во Германија најмногу новозаразени во последните три месеци

Германија регистрира најголем број заразени од коронавирус на дневна основа во период од три месеци.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во таа земја е зголемен за 1.226 и изнесува 218.519, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“. Ова е најголем пораст на бројот на нови случаи од 9 мај, наведува „Ројтерс“.

Шест лица починаа од Ковид-19 во Германија, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.207.

„Ова е, без сомнение, многу загрижувачко“, рече министерот за здравство Јенс Шпан и истакна дека граѓаните мора да бидат внимателни, за да се спречи ширењето на вирусот.

Шпан истакна дека туристите се враќаат во Германија и предупреди дека сите видови на забави и семејни собири претставуваат ризик.

Во мај, Германија започна постепено да ги олеснува рестриктивните мерки, со цел да ја покрене економијата.

Треба да знаете
Последни објави