Ќерката на познатата убавица Моника Белучи порасна и веќе започна да заработува пари како лице на брендот „Dolce & Gabbana“, чија муза со години е нејзината мајка.
Убавата Дева Касел наскоро ќе наполни 16 години (12 септември 2020 година), а нејзините родители Моника Белучи и Винсент Касел досега не дозволиле нејзино прекумерно изложување во јавноста.
Како и да е, сега почесто ќе го гледаме убавото лице на оваа тинејџерка, со оглед дека таа „се заканува“ да стане една од најбараните модели денес…
Погледнете ги фотографиите од ќерката на најубавата жена во светот: