Атлетик Билбао објави дека шест членови на тимот се позитивни на коронавирус по тестовите вчера.
Не се споменува колку од луѓето се фудбалери и колку од спортско-техничкиот персонал или штаб.
„Лавовите” утре вечер започнуваат со подготовките за новата сезона. Поради утврдените случаи, тренинзите во почетокот ќе бидат индивидуални.
Сите позитивни примероци се изолирани, а претстојат нови ПЦР-тестови.