Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) започна со постапка за спроведување на супервизија над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита од страна на Министерство за образование и наука (МОН ) и Министерството за здравство (МЗ), поврзано со хакерскиот напад на нивните веб страници на 23 јули 2020 година.
– Поради тоа што МОН и МЗ не ја известиле АЗЛП согласно членот 37 став 1 од Законот за заштита на личните податоци за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, АЗЛП по службена должност ќе истражи и провери дали дошло дo нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат од страна на МОН и МЗ, односно дали обработката на личните податоци е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци „Службен весник на Република Северна Македонија 42/20), соопшти Агенцијата.
Оттаму очекуваат во текот на супервизијата целосна соработка од страна на двете министерства.
– Со цел обезбедување на транспарентност во работењето и запознавање на медиумите и граѓаните АЗЛП дополнително ќе ве извести за исходот на постапката, додаваат од Агенцијата.