Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.620.330 лица. Од нив починале 748.002, а оздравеле 13.519.612 луѓе.
– Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 11 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 365. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 205 новозаболени од Ковид-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 10.795 лица. Во истиот период се евидентирани и 163 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани како заразени и ја совладале болеста достигна до 6.411. Активни носители на вирусот во земјата се 4.019 лица. Вчера се извршени 520, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.136 тестирања.
– Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се 65 новозаболени лица и двајца починати од последици од новиот коронавирус. Новозаразените се помеѓу 460 анализирани примероци. Додека починатите се од Подгорица односно од Никшиќ.
– Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се 31 новозаболени со Ковид-19. Досега дневниот пораст на новоинфицирани лица ретко кога надминуваше 20, па се проценува дека зголемувањето е поради враќањето на младите лица од одмор. Во Словенија вкупно инфицирани се 2.303 луѓе, од кои 129 починале, а во моментот 188 се активни случаи од кои 23 се хоспиталицирани, а само двајца се на интензивна нега.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека за еден ден се регистирани 14 нови случаи на Ковид-19 од 3.775 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.291 лицe.