Зголемени се водостоите на речиси сите реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења.
Според УХМР, Бабуна е 20 пати повисока од просекот за август, Треска 13 пати, а Вардар кај Велес и Јегуновце бележи тројно покачување.
И останатите реки се над августовскиот просек, освен Сатеска кај Ботун, Лепенец кај Скопје и Крива кај Крива Паланка.
Состојбата со езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско, нема поголеми промени.