Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе игра на УС опен. Србинот прво ќе игра на Мастерсот во Синсинати, а потоа од 31 август до 13 септември ќе биде дел од УС опен.
Оваа одлука Ѓоковиќ ја донел во текот на денешниот ден и тоа по многу консултации.
“Во текот на својата кариера токму во Њујорк одиграв неколку најдобри мечеви. Свесен сум дека сега ќе биде сосема поинаку, и јас сум подготвен да се прилагодам а сите протоколи и на сите нови услови. Подвргнат бев на сите можни прегледи и подготвен сум да го играм најдобриот тенис во моментов“ истакна Ноле.
Ноле во сабота ќе отпатува во САД.