Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.
-Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана.Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, напиша Брнз во твитот.
Congratulations to @Zoran_Zaev on the mandate to form a government in North Macedonia & we look forward to working with the new government once it is formed. As a new #NATO member we support the country’s dedication to democratic principles, the rule of law & its European future.
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) August 13, 2020
Американската амбасадорка на Твитер напиша и дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби.
-Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да соработуваме со сите заинтересирани страни за зголемување на социјалната кохезија и меѓуетничко разбирање во наредните години, напиша Брнз на Твитер.
Today we mark the 19th anniversary of the Ohrid Framework Agreement, an important milestone that helped North Macedonia bridge ethnic divides. Looking forward to working with all stakeholders to increase social cohesion and inter-ethnic understanding in the years to come. pic.twitter.com/HXDV35M9O8
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) August 13, 2020