алентираниот десен бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд ја освои наградата за Премиер лига до 23 години. Англискиот интернационалец го престигна триото на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Мартиал и Мејсон Гринвуд, како и Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.
Александар-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија на фудбалски експерти.
Десниот бек на Ливерпул оствари 13 асистенции и постигна четири гола во Премиер лигата минатата сезона.
Само плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, заврши со повеќе асистенции.
https://www.facebook.com/premierleague/videos/653863782198215/?t=1