Арсовски: Универзалниот снабдувач на струја плаќа обезбедување по двојно повисоки цени од порано, дали разликата завршува во џебовите на власта?!

Неколку дена има целосен молк за сомнежот за испумпање на пари од универзалниот снабдувач на струја преку струмичка компанија за обезбедување поради што граѓаните ќе плаќаат многу поскапа електрична енергија.          Поскапата струја значи повисоки приходи за универзалниот снабдувач и повеќе пари за струмичката фирма односно агенција за обезбедување, преку која што парите стигаат кај семејството Заеви.

Фактите до сега говорат дека само за обезбедување струмичката агенција добила 17 милиони евра само од универзалниот снабдувач, а вкупно 21 милион евра од универзалниот снабдувач и државата заедно. Ако некој се сомнева зошто се плаќа повисока цена на струја треба да се знае дека се работи за бизнис интереси на власта и на семејството Заеви. А, денес откриваме нови детали.

Порано универзалниот снабдувач плаќал помали суми за услуги кои сега струмичката фирма ги плаќа во милионски износ повеќе. Деталите се следни:

Агенцијата за обезбедување чиј газда е струмичанец, и преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат пари за семејството Заеви, е фирмата која го склучила најголемиот договор од видот услуги со универзалниот снабдувач со струја, во последните неколку години. Имено договорот склучен на 28.06.2019 година, е со висина од 12 милиони евра.

Што обезбедува оваа струмичка агенција за обезбедување, па за истото треба да треба да и се исплатат 12 милиони евра, ако се знае дека истата претходно извршувала сличен вид на услуги кои ги добивала преку три тендерски постапки и тоа на 16.03.2018 година, договор во висина од 800 илјади евра, на 30.04.2018 година, договор во висина од 1 милион и 800 илјади евра, и договор склучен на 22.02.2019 година во висина од 2.5 милиони евра, сите три за услуги за обезбедување и тоа вкупно за 5 милиони евра?!

Што се сменило во 2019 година, за разлика од 2018 година па истите услуги се платени повеќе од двојно поскапо?!

Дали станува збор за покачена маржа од која профит треба да има некој од власта, или за нешто друго?! Треба да одговорат институциите.

Дали разликата во маржи завршува директно кај семејството Заеви?!

И ова треба да биде предмет на испитување и да се докаже.

Граѓаните очекуваат одговори, затоа што ова се нивни пари, кои тие ги плаќаат преку сметките за струја, а поради кои сега имаме и покачување на цената на електричната енергија.

Дали покачената цена на електричната енергија е резултат на зголемената маржа на универзалниот снабдувач кон оваа струмичка агенција за обезбедување или допрва следуваат нови испумпувања на пари од контото на истиот овој универзален снабдувач?!

Ќе видиме како ќе се одвива, и тоа треба да биде исто така предмет на следење.

 

            Прашање: Господине Арсовски, вие рековте вчера дека претседателот Пендаровски противуставно го доделил мандатот на пратеникот Зоран Заев и лидер на СДСМ. Они сега имаа соопштение дека имале добри основи за напредок во процесот на формирање на Влада. Што мислите вие, како би се одвивал целиот преговарачки процес за формирање Влада и како опозицијата ќе се постави во овој процес?

            Одговор: Видете, еве тука би се надоврзал, ќе ме извините што ќе ве надополнам, исто така стигнаа и прашања до прес центарот, кој ќе бидат следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период и дали ќе има преговори и како ќе се однесува. Така да, се обидам двете прашања да ги одговорам во едно, за да им биде појасно на граѓаните. Точно е, вчера имавме конкретна изјава и од страна на претседателот Мицкоски но, тоа го говорат и експертите, тоа го пишува и во Уставот, дека противуставно, Стево Пендаровски го даде мандатот на пратеникот, односно го узурпираше во рацете на пратеникот Зоран Заев. Во однос на она соопштение кое што го велите, дека имало добри основи за напредок, би ве потсетил само на неколку ситуации изминативе, да речам, две недели откако поминаа изборите, каде што на неколку пати Зоран Заев излегуваше и кажуваше дека има мнозинство и веднаш потоа самите се демантираа од страна на неговата партија. Или тој самиот лично. Што сакам да кажам, сакам да кажам дека Зоран Заев е еден човек кој што и граѓаните знаат и веќе го виделе неколку пати дека дрско лаже. И лаже без срам. Може да каже се само за да си ја заштити својата кожа. Во однос на тоа ќе треба да почекаме, да видиме како се развиваат преговорите, сепак тие преговори ги водат две други политички партии и ќе треба таму да ги бараме одговорите во однос на се она што се разговара таму. Во однос на позицијата на ВМРО-ДПМНЕ морам да истакнам дека веќе е јасно кој го узурпираше мандатот во раце и кој го има мандатот за да се обиде како што велеа да состави нова Влада. Но морам да истакнам дека и во ВМРО-ДПМНЕ сите опции се отворени во наредниот период и секако ќе го следиме периодот на преговори кој што ќе го предводат партиите. И согласно како ќе има нови моменти ние ќе известуваме во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави