Италијанскиот фудбалски прволигаш, Аталанта е заинтересирана за трансфер на играчот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон, пренесува „La Gazzetta dello Sport”.
Според весникот, Италијанците се подготвени да потпишат тригодишен договор со 32-годишниот Бразилец.
На фудбалскиот пазар Тајсон се проценува на 9,5 милиони евра.
Последната сезона во украинската лига, Тајсон одигра 25 натпревари за Шахтјор, на кои постигна 10 гола и осум асистенции.