Актерот Вил Смит со својата продукциска компанија „Вестбрук студиос“ ќе работи заедно со „Јуниверзал ТВ“ на римејк на иконската серија „Принцот од Бел-Ер“.
Проектот „Бел-Ер“, е драма и наводно се наоѓа во фаза на развој повеќе од една година, а Смит ќе биде косценарист со оригиналните продуценти, Бени Медина и Квинси Џоунс.
ТВ-серијата „Принцот од Бел-Ер“, која траеше шест сезони од 1990 до 1996 година, неодамна беше додадена на понудата на американската стрим-платформа „ХБО мaкс“.
Римејкот е инспириран од трејлер, направен од еден фан на серијата, а кој постигна голема гледаност на Јутјуб во 2019. На Вил многу му се допаднал трејлерот и решил да направи филм драма, помрачна верзија на оригиналната комедија.
„Дедлајн“ објави дека за новиот проект заинтересирани се најпознатите стриминг платформи „Нетфликс“, „Пикок“, „ХБО макс“, „Амазон прајм“ и „Епл“.