Во ресторан во Гостивар приведени Албанки кои незаконски работеле

Во периодот од 22.00 часот на 13.08. до 02.00 часот на 14.08.2020, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во 20 угостителски објекти на подрачјето на Гостивар. Притоа, во еден од објектите биле затекнати како работат К.О.(38) и З.А.(29), двете од Република Албанија. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка во Полициска станица Гостивар.

 

Треба да знаете
Последни објави