Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус.
Регионалниот суд во Тирол утврди дека 54-годишната Германка три пати ја прекршила наредбата да остане дома, објави АП. Полициските службеници кои ја надгледувале жената изјавиле дека таа одела во супермаркети, прошета низ паркот и отишла во болница за да ја лекува повредената рака.
Таа има право да се жали на одлуката.