Во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга денеска ќе се одржат протести против поскапувањето на електричната енергија , а главниот ќе се одвива во Скопје и ќе започнат во 18 часот, додека оној во Куманово во 14 часот. Централниот во Скопје ќе започне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до Влада. При изразувањето на незадоволството ќе се бара укинување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на електричната енергија од 7,4 отсто и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.