Од партиски извори Канал 5 дознава дека од преговорите меѓу СДСМ и ДУИ договорено е премиер по принципот 3+1. Тоа значи три години на чело на владата да биде Зоран Заев, една година Насер Зибери. Исто така на ДУИ и е доделено управувањето со УЈП и Министерството за внатрешни работи.
Пртеходно од Коалицијата на Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши рекоа дека заврши времето кога Албанците се туркаа за влез во влада.
Според нив, ДУИ има предност да го исцрпи правото за преговарање, оти освои најмногу пратеници во албанскиот блок, односно нема да преговараат додека ДУИ не го исполни ветувањето премиер Албанец.