Во Колумбија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 11.000 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот позитивни на коронавирус досега е 433.805, соопшти Министерството за здравство на земјата.
„Уште 10.709 пациенти оздравеја, 11.226 се новозаразени, а во последните 24 часа имавме и 308 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19″, се вели во соопштението.
Претседателот на Колумбија, Иван Дуке прогласи 30-дневна вонредна состојба на 17 март, која постепено се заострува и ќе трае до 30 септември, доколку не биде повторно продолжена.