„Изјавата на Бојко Борисов, кој сè уште не поднесе оставка, е уште еден обид да се добие на време и да се втера страв. Неуспешниот и парламент со загубена доверба, диктиран од својата олигархиска влада, се подготвува да предложи нацрт на нов Устав”, напишаа на својот профил. на Фејсбук организаторите на блокадите во Софија – „Отровно трио”.
„Ова ќе и овозможи на мафијата да создаде свој Уставен закон, подготвен од нејзиното Национално собрание и да му се даде време до јануари да остане на функцијата. Во т.н. предлог не слушнавме подготвеност да го извадиме Обвинителството од судскиот систем, ниту за машинско и електронско далечинско гласање. Во пракса ниту едно од барањата на протестирачите не е исполнето”, напишаа организаторите професор Велислав Минеков, адвокатот Николај Хаџигенов и Арман Бабикјан.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во денешното вонредно обраќање до нацијата најави дека неговата парија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе побара итна седница на Големото народно собрание (државен орган што ја извршува законодавната власт), на која би бил донесен нов Устав и би биле распишани нови парламентарни избори, јави БГНЕС. Веднаш по нивното распишување најави дека ќе поднесе оставка од премиерското место.
Тој наведе дека ќе побара намалување на бројот на пратениците од 240 на 120, додека во Големото народно собрание бројот на претставници да биде намален од 400 на 280.
Борисов предлага и укинување на Вишиот судски совет и создавање на Судски совет на судии и Судски совет на обвинители, мандатите на судиите во сите бугарски судови да бидат пет години, формирање на Институт за индивидуална уставна жалба, главниот обвинител да биде сослушуван секои шест месеци од Народното собрание. Тој оцени дека со тоа ќе се зајакне довербата во судскиот систем.