Воени бродови на Грција и на Турција се судриле во средата во водите на источен Медитеран, соопошти во петокот грчкото министерство за одбрана опишувајќи го инцидентот како „незгода“, односно помал судар.
Турски истражувачки конвој се движел во водите меѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а пловидбата била следена и надѕирана од грчки воени бродово. Во еден момент во текот на маневрирањето дошло до „колизија“ меѓу еден грчки и еден турски воен брод. Грчката фрагата изела маневар за да избегне фронтален судар, но прамецот сепак го „минал“ задниот дел турскиот брод.
Турскиот истражувачки брод „Oruc Reis“, кој пловел меѓу Кипар и Крит, кога грчкиот воен брод „Limnos“ му се приближувал на истражувачкиот брод и се нашол на правецот на движење на еден од турските воени придружни бродови „Kemal Reis“.
„Тоа беше незгода“, изјавил за Reuters неименуван извор од Атина. Додал дека бродот „Limnos“ не е оштетен и дека од четвртокот утрото учествувал во заедничка поморска вежба со франциски бродови.
Турција сѐ уште не се огласи во врска со овој инцидент, но претходно претседателот Реџеп Тајип Ердоган се закана со одмазда кон секој кој би се осмелил да нападне турски истражувачки брод.
Турција и Грција спорат околу територијалните води чии подморја се богати со енергенси, а тензии се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувањечки брод во спорниот дел од Средоземното Море, во придржба на воени бродови. Тоа се случи ден откако Грција потпиша договор со Египет за создавање ексклузивна економска зона во источен Медитеран меѓу двете земји.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија подоцна денеска ќе разговараат за спорот меѓу Турција и Грција во источен Медитеран на вонреден состанок. Грчкиот министер исто така денеска во Виена за истата тема ќе зборува со американскиот државен секретар Мајк Помпе