Фудбалерите на Баерн ја понижија Барселона во четвртфиналето на ЛП во Лисабон, откако славеа со 8:2 (4:1). Меѓу стрелците на Баварците се впиша и фудбалерот на Барса на позајмица во Минхен, Кутињо, кој влезе во 75. минута и даде два гола.
Откако во 4. минута Милер донесе предност за Германците, а Алаба во 7. минута со автогол донесе израмнување за Барселона, потоа следеше „канонада“ кон голот на каталонскиот тим. Најпрво, Перишиќ во 22. минута донесе водство за Баерн од 2-1…Потоа, во 28. минута Гнабри зголеми на 3-1, а во 31. минута Милер со својот втор гол веќе носи предност и од 4-1…
Во вториот дел возврати Суарез со прекрасен гол за 4:2 во 57 минута, но младиот Канаѓанец, Дејвис во уште подобра акција му асистираше на Кимих за враќање на предноста.
Се чини дека фудбалерите на Барселона ги пресече голот, па до крајот на натпреварот не направија посериозна шанса. За разлика од нив, Баерн продолжи со исто темпо па Левандовски во 82 погоди з 6:2, и Кутињо во 85 и 89 минута го постигна конеќниот резултат.
Баерн во полуфиналето на ЛШ ќе се сретне со победникот од утрешниот натпревар меѓу Лион и Манчестер Сити.